Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маск, Кук и Хуанг од Пекинг: Состаноците поминаа „многу добро“

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Повеќе водечки американски бизнисмени, кои допатуваа во посета на Пекинг заедно со претседателот на САД Доналд Трамп, ги оценија состаноците одржани на маргините на самитот САД-Кина како „многу добри“ и продуктивни.

Меѓу извршните директори кои беа видени како ја напуштаат Големата сала на народот беа извршниот директор на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, и директорот на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.

На новинарско прашање како поминале состаноците, Маск одговори: „Прекрасно“, додавајќи дека се постигнати „многу добри работи“. Кук на новинарите им го покажа знакот за мир и подигна палец нагоре, додека Хуанг изјави дека „состаноците поминале добро“.

– Господинот СИ и претседателот Трамп беа неверојатни – рече Хуанг додека американските директори се симнуваа по скалите кон автобусот што ги чекаше.

По двочасовната билатерална средба со Трамп, СИ се сретна и со американските бизнисмени, јави Би-Би-Си.

Тој рече дека вратата на Кина само пошироко ќе се отвора за американските бизниси, додавајќи дека американските фирми ќе имаат пошироки перспективи во земјата.