Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж во САД ја убил сопругата и неговите три деца, па потоа се самоубил

/

пред 912 дена

Сподели преку :

Трагичен настан се случи во Оклахома, САД, со пет убиени лица, од кои три се деца. Телата се пронајдени од страна на полицијата. Тие соопштија дека мажот ја убил својата сопругата, нивните три деца, за да потоа се самоубие.

Полицијата претпоставува дека сторителот Џонатан Кенди, влегол во жестока расправа со                     39-годишната Линдзи Кенди, за потоа да ја застрела повеќе пати. Неговиот злостроски чин продолжил, тој ја обиколил куќата и кога ги пронашол децата, во истите пукал и ги убил.  Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и најмалиот 12-годишен Лукас.

Единствен кој го преживеал овој трауматичен настан е 10-годишниот син, кој спиел за време на крвавото убиство. Момчето кое се разбудило за време на истрелите, веднаш се јавило на полицијата.

Случајот се расчистува од полицијата, а засега не е познато, зошто 10-годишното момче е единствено преживеано.