Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени над 10 луѓе, а 60 полицијаци се повредени на протест во Милано за Газа

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Повеќе од 12 лица се уапсени, а околу 60 полицајци се повредени во судирите што избувнаа за време на вчерашниот протест за Газа во Милано, јави Анса.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека демонстрантите намерно ја нападнале полицијата и дека околу шеесет полицајци биле повредени.

Полицијата за разбивање демонстрации испука солзавец и се судри со демонстрантите недалеку од главната железничка станица во Милано, изјави очевидец, а италијанските медиуми објавија дека демонстрантите се обиделе да го блокираат сообраќајот на автопат во близина на Болоња.

Повеќе од 12 лица беа уапсени на протестите за Газа.

Насилството за време на демонстрациите веќе го осуди италијанската премиерка Џорџа Мелони, која напиша на мрежата X дека таквото однесување нема да ги промени животите на луѓето во Газа.