Најмалку 120 лица настрадаа во разорните поплави кои го зафатија Тексас, соопштија американските власти… Најтешко погодена е областа Кер Каунти, каде што животот го загубија 96 лица, меѓу кои 36 деца… Уште шест лица се водат како исчезнати… Поплавите започнаа со обилни дождови во петокот, кога реката Гвадалупе се излеала за само еден час… Во операциите за спасување се вклучени над 2.200 лица, а состојбата останува критична во повеќе делови на Централен Тексас… И соседен Њу Мексико е погоден – тројца загинати во градот Риудосо, по што е прогласена вонредна состојба… Експертите предупредуваат дека климатските промени го зголемуваат ризикот од вакви екстремни временски појави…











