Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одреден притвор на сопственикот на барот во Кран Монтана во кој за Нова Година во пожар загинаа 40 луѓе, неговата сопруга низ солзи се извини на настраданите

/

пред 275 дена

Сподели преку :

Швајцарскиот суд му определи притвор на Жак Морети, сопственикот и менаџер на барот “Le constellation” во Кран Монтана, во кој во новогодишната ноќ, во пожар загинаа 40 луѓе, а 119 се повредени.

Морети е француски државјанин и судот му определи притвор поради можност од бегство. Тој и неговата сопруга се осомничени за убиство од небрежност, нанесување тешки телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

Вчеравечер осомничените за првпат се појавија пред суд на распит и 8 дена по трагедијата и на Морети му беше определен притвор.

Неговата сопруга Жесика Морети се појави пред медиумите утрово и изрази сочувство и извинување до сите погодени од трагедијата.

-Моите мисли се постојано со жртвите и луѓето кои сѐ уште се борат. Ова е незамислива трагедија. И ние никогаш, никогаш не можевме да замислиме вакво нешто. Оваа трагедија се случи во нашиот локал  и би сакала да се извинам, рече Жесика Морети низ солзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)