Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откриен подземен тунел долг 300 метри, во затворот во Аргентина

/

пред 919 дена

Сподели преку :

Затворските службеници открија подземен тунел, долг 300 метри, во затворот Генерал Роко во градот Рио Негро, на шести април. Тунелот е ископан со цел шеф на нарко-картелот да пребегне од затворот, во кој треба да ја отслкужи 33-годишната казна затвор.

Ископот го открија стражарите на затворот, кои на излезот од  него, забележале дупка во ѕидот, кој бил покриен со гајби, кутии и палети, со цел да не се забележи.  Сепак во надворешниот дел можеа да се забележат траги од лопати, шипки и кофи кои биле алат, кој се користел за копање на тунелот.

Осомничен е еден, а истиот бил пронајден на место на ископот. Локалните медиуми во Аргентина известуваат дека главниот организатор на тунелот е брат на нарко-босот за кого, првично била започната ваквата акција.

Уште не е познато, дали организаторот е  уапсен, а нема ни детали дали некој затвореник избегал  преку тунелот, на почетокот на месецот.