Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папата Франциск повика на слобода на печатот и ослободување на затворените новинари

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Папата Франциск укажа денеска на тешката состојба на затворените новинари ширум светот, за кои рече дека ги „има „многу“ и повика на почитување на слободата на печатот на глобално ниво.

„Сакам да се сетам на сите оние кои се затворени само затоа што останаа верни на професијата новинар, фотограф, снимател, затоа што сакаа да одат да видат со свои очи и се обидоа да раскажат што виделе“, рече папата во Ватикан во говор по повод Светскиот ден на комуникациите, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Папата Франциск истакна дека слободата на новинарите е „слобода за секој од нас“.

„Барам од оние кои имаат моќ да овозможат сите неправедно затворени новинари да бидат ослободени. Нека им се отвори „вратата“ преку која ќе се вратат на слободата, бидејќи со слободата на новинарите се зголемува и слободата на сите нас“, рече папата Франциск.

Тој упати нов апел за одбрана и зачувување на слободата на печатот и слободата на мислата, заедно со правото на информирање.

„Бесплатното, одговорното и точното информирање се наследство на знаење, искуство и доблест кои мора да се чуваат и унпаредуваат. Без тоа, ризикуваме повеќе да не ја разликуваме вистина од лага. Без тоа, ние се изложуваме на пораст на предрасудите и поларизацијата, кои ги уништуваат врските на граѓанскиот соживот и го спречуваат обновувањето на братството“, рече папата Франциск.