Папата Лав XIV го повтори својот повик за прекин на војната на Блискиот Исток велејќи дека е потребен дијалог бидејќи насилството „се влошува“. Властите велат дека во израелските напади во Либан загинале повеќе од 1.000 луѓе, а повеќе од 1 милион се раселени. Бројот на жртви во Иран надмина 1.500, соопшти министерството за здравство.
-Сакам повторно да апелирам за прекин на огнот, да се работи за мир, но не со оружје, туку со дијалог, барајќи решение за сите. Сега омразата се зголемува, насилството се влошува, раселените лица се повеќе од милион, многу луѓе загинаа. Сакаме да се молиме за мир, но ги повикувам сите власти навистина да работат со дијалог за да го решат овој проблем, порача Папата.











