Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Париска конференција: Украина и натаму ќе добива помош од ЕУ

/

пред 965 дена

Сподели преку :

Украина и натаму ќе добива поддршка од европските земји. На конференцијата во Париз на која присуствуваа највисоките претставници на повеќе клучни поддржувачи на Киев, францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека не ја исклучува можноста да дозволи распоредување на француски копнени трупи во Украина.

„Вечерва се разговараше за сè на многу отворен и директен начин. Денеска нема консензус официјално, отворено и со поддршка да се испрати војска на теренот. Но, во однос на динамиката, ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме сѐ што е неопходно за да се осигура дека Русија не може да победи во оваа војна“, изјави Макрон.

Премиерот на Холандија Марк Руте, пак изјави дека неговата земја ќе се приклучи на иницијативата од Чешка за купување на муниција и проектили за Украина.

„Ова е иницијатива на Чешка за засилување на одредена активност, а во исто време ние треба да поработиме на системите за противвоздушна одбрана. На Украина ѝ се итно потребно повеќе ракети, но и повеќе системи, и С-200 и за С-300, „Патриот“ и други“, изјави Руте.

Лидерите на ЕУ се загрижени дека САД ќе ја намали поддршката за Киев, но и дека постои можност поранешниот претседател Трамп да се врати во Белата куќа и да ја смени надворешната политика на Вашингтон.

Војната меѓу Украина и Русија влезе во третата година.