Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По хакерски напад, во Иран не работи државниот систем на бензински пумпи- обвинети Израел и САД

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

Повеќе од 70 проценти од бензинските пумпи во Иран не работат откако државниот информатички систем за снабдување со гориво претпладнево бил цел на хакерски напад.

Иранците не може да наточат гориво и се гневни по хакерскиот напад.

Државниот систем на рафинерии бил алармиран претпладнево, а првично беше соопштено граѓаните да не брзаат без посебна потреба на бензинските пумпи.

Еден од најголемите производители на нафта во светот, сега е соочен со голем проблем за кој надлежниот министер ги обвини САД и Израел.

-Ционистичкиот непријател и Америка, бидејќи добија удари на други фронтови, имаат за цел на нашиот народ да му предизвикаат неволја преку овој сајбер напад. Може да бидат сигурни дека народните слуги во министерството за нафта нема да дозволат тоа да се случи, а ако даде Господ нивниот заговор наскоро ќе биде осуетен, изјави иранскиот министер за нафта Џавад Овџи.