Соединетите Американски Држави ја забрзаа испораката на напредни нуклеарни бомби Б61-12 во базите на НАТО во Европа, се наведува во американското дипломатско депеше, пишува „Политико“.
Станува збоир за ненаведувани, гравитациски нуклеарни бомби Б61-12 кои се исфрлуваат од авиони, а кои во Европа требаше да стигнат на пролет, но, сепак, ќе бидар распоредени во декември, јави американскиот весник.
Потегот, кој вклучува замена на старото оружје со нова верзија во различни складишта во Европа, е повлечен по засилените тензии поради заканите на Русија дека ќе употреби нуклеарно оружје во Украина и растечката загриженост дека Западот треба да стори повеќе за да ја одврати Москва од таквите намери, се оценува во текстот на „Политико“.
Портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, не сакаше да открие детали за американското нуклеарно оружје, но истакна дека „унапредување на нуклеарниот арсенал е дел од долгорочниот план и напорите за модернизација“.
Нуклеарната бомба Б61 е развиена во 60-тите години на минатиот век, додека унапредената верзија доби системи кои овозможуваат поголема прецизност, а може да ги носат авиони како бомбардерите Б-2, Б-21, меѓутоа и авиони како Ф-15, Ф-16, Ф-35, „торнадо“, итн.











