Болниците се борат да се справат со бројот на жртви по неколкудневните израелски напади врз позициите на хезболах низ јужен Либан, изјави Д-р Фирас Абијад либански министер за здравство.
Тој вели дека понеделникот бил најсмртоносниот ден во Либан од крајот на граѓанската војна во 1990 година. Либанското министерство за здравство тврди дека во досегашните израелски напади убиени се повеќе од 560 луѓе, меѓу кои 50 деца.
Во директно обраќање до либанските цивили, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел не војува против либанскиот народ, туку дека војната се води против Хезболах.
Претходно, Израел соопшти дека убил уште еден командант на Хезболах во напад во Бејрут. Израел вели дека има за цел да ја отстрани заканата од Хезболах и да ги врати раселените жители во северен Израел.











