Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

/

пред 884 дена

Сподели преку :

Регистрирани се 150 земјотреси за помалку од пет часа, на Флегрејските полиња во близина на Неапол. Се смета дека ваквите земјотреси се најсилните во последните 40 години, а предизвикана е голема штета, соопштија тамошните власти.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „Ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“.

Училиштата денеска ќе останат затворени за учениците, а истите ќе бидат отворени како згрижувачки центри за населението погодено од катастрофалната природна непогода. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле голем број на штети во нивните домови.