Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ројтерс ги објави руските услови за примирје во Украина

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Русија испорача барања за разговорите со САД за Украина.

Русија им претставила на САД список со барања за договор за прекин на војната против Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, изјавија за Ројтерс лица запознаени со ова прашање.

Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа ниту дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата, наведува агенцијата. Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на претходните средби.

Тие ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Претходните руски услови вклучуваа неутралност на Киев и исклучување на можноста од членство во НАТО, договор да не се распоредуваат странски војници во Украина и меѓународно признавање на тврдењето на претседателот Владимир Путин дека Крим и четирите окупирани региони припаѓаат на Русија.

Рубио: Примирјето во Украина е можно за неколку дена, ако Русија се согласи