Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Украина со нов состанок во Флорида

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф ќе се сретне со шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров денеска во Мајами, потврди Белата куќа.

Средбата следи по речиси петчасовните разговори меѓу Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, кои Кремљ ги опиша како преговори без постигнат напредок кон прекин на војната.

Претседателот Доналд Трамп ги нарече „разумно добри“, но предупреди дека исходот е неизвесен. Русија и натаму се противи на можноста Украина да влезе во НАТО – тема што Кремљ ја опиша како „клучно прашање“ на средбата.

Истовремено, руските власти тврдат дека неодамнешните воени успеси им ја зајакнале преговарачката позиција, иако борбите, особено околу Покровск, продолжуваат.

И додека Вашингтон и Москва одржуваат поинтензивни контакти, расте јазот меѓу Русија и Европа… ЕУ постигна договор за целосно прекинување на рускиот гас до крајот на 2027 година, нагласувајќи дека европската енергетска безбедност повеќе не смее да зависи од Кремљ.

Меѓувреме, Брисел предлага нов финансиски пакет од 90 милијарди евра за поддршка на Украина, додека ОН и 90 држави повторно побараа Русија да ги врати украинските деца депортирани на нејзина територија.