Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен земјотрес во Босна, граѓаните вознемирени, пријавени помали штети

/

пред 1032 дена

Сподели преку :

Доцна вечерва во Босна и Херцеговина е регистриран силен земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Зеница, но бил почувствуван и во Сараево и во Бања Лука како и во повеќе градови во Хрватска, Србија и Црна Гора.

Граѓаните на Зеница се вознемирени и по земјотресот излегле на улица, објави klix.ba. Жител на Славонски Брод во Хрватска (100-тина километри од епицентарот) пријавил дека во станот на 5-ти кат се нишале лустерите од јачината на земјотресот.

Досега не се пријавени поголеми материјални штети иако во Зеница имало разрушени и паднати фасади. Неколку села во планинскиот предел околу Зеница немаат струја.

Првично земјотресот беше пријавен како посилен со 5,4 степени според Рихтер, но Сеизмолошкиот завод на БиХ подоцна објави дека силата му била 4,8  во епицентарот.