Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стармер размислува да испрати војници во Украина

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Коалицијата на подготвените“ изработи детални планови за зајакнување на одбранбените способности на Украина, кои вклучуваат и потенцијално распоредување странски сили на украинска територија доколку се укаже потреба за тоа, потврди британскиот премиер Кир Стармер.

Оваа иницијатива е резултат на политички и воени процеси насочени кон обезбедување воздушна, поморска и копнена безбедност, пишува порталот NV.

Стармер ја појасни заднината на изработката на плановите.

– Имавме политички процес кој вклучуваше национални лидери и воен процес кој вклучуваше одбранбени планери. Рековме дека сакаме да развиеме воени планови за да обезбедиме безбедност во воздухот, на море и на копно, како и да ги зајакнеме способностите на Украина, изјави британскиот премиер, додавајќи дека коалицијата сега има разработени воени планови за секој од тие домени.

Иако плановите предвидуваат можност за испраќање воен персонал во Украина, Стармер нагласи дека тоа не е моментален приоритет. „Но, во овој момент, приоритетот е дали можеме да постигнеме праведен и траен мир“, истакна тој.

Безбедносните гаранции беа договорени на состанокот на коалицијата во Париз на 4 септември, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. При тоа, 26 држави членки официјално се согласија да формираат сили за поддршка кои би можеле да се активираат во Украина штом се постигне прекин на огнот – било во форма на примирје или мировен договор.