Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште една жртва на белградскиот училиштен масакр: Почина ученичка по 12 дена борба за живот

/

пред 1254 дена

Сподели преку :

Ученичката со најтешки и најсериозни повреди добиени во училиштниот масакр во ОУ Рибникар во Белград не успеа да преживее. По 12 дена лекарска борба на интензивна нега, ученичката А.А. почина, известуваат српските медиуми.

Таа е десетта жртва на монструозниот злостор на 13-годишен ученик кој со пиштоли влезе во своето училиште и стрелаше во соучениците и наставниците.

Последната жртва имаше тешки повреди на главата и мозокот од куршум со кој била погодена. По инцидентот беше префрлена на Универзитетската детска болница во Тиршова улица каде и беше извршена итна хируршка операција по што се пристапи на интензивно лекување.

Министерството за здравство на Србија изрази сочувство за новата жртва на масакрот.

Убиецот, 13-годишне Коста К. се пријави и е уапсен и потоа е сместен на психијатриско вештачење. Уапсен е и неговиот татко со чии пиштоли го изврши масакрот во основно училиште.