Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

/

пред 526 дена

Сподели преку :

Најмалку 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати во силните поплави по поројните дождови во источен Конго.

Неколку села на бреговите на езерото Тангањика се целосно поплавени.

Министерот за здравство на покраината Јужен Киву, Теофил Валулика Музалива изјави дека спасувачката операција е отежната поради недостиг на услуги и прекин на телефонските линии поради поплавите.

„Единствената хуманитарна организација што е моментално присутна е Црвениот крст. Не е можно да се даде проценка бидејќи потрагата по телата сè уште е во тек“, рече Музалива.

Минатиот месец, во поплавите во главниот град Киншаса животот го загубија 33 лица.