Загинаа најмалку 16 лица во израелските напади врз Сирија. Израелските сили погодиле голем број на воени локации во централниот регион. Од локалната болица во Сирија велат има над 30 повредени кои веднаш биле пренесени во државната болница Масијаф.Од повредените, неколкумина се и во критична состојба. Директорот на јавната болница во Масијаф рече дека жртвите претежно се цивили.
Сирија со цел да се одбрани, соборила некои од проектилите. Израелските сили нападнале вчера во текот на нокта и врз провинцијата Хама, во центарот на Сирија.
Израелската војска информираше дека извршила стотици напади во последниве години врз Сирија, за кои вели дека се поврзани со Иран и сојузничките вооружени групи. За конкретнава ситуација, таа не ги коментира извештаите на странските медиуми. Министеството за надворешни работи во Сирија пак нападите ги нарече еклантна агресија.
Иранското министерство се огласи по овие напади. Иран негира дека локациите кои се нападнати во Сирија, припагаат на нивни сојузници.
„Не ги потврдуваме наводите на некои медиуми поврзани со ционистите за напад на центар поддржан од Иран или зависен од Иран во Сирија. Силно ги отфрламе наводите за улогата на Иран во испраќањето оружје на едната страна од војната и ги оценуваме овие наводи како политички мотивирани од некои страни – вели Насер Канани, потпарол на министество за надворешни во Иран.
Нападите во Сирија предизвикале големи штети. Освен жртви, имало штети на локален автопат, унитешни згради и воени објекти како и пожар во областа Хер Абас. Новинската агенција Ројтерс, исто така, цитираше два регионални разузнавачки извори кои велат дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје бил погоден неколку пати. Сириската влада го отфрли ова трврдење.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Обединетото кралство, внимателно го следи овој конфликт.
„13 насилни експлозии одекнаа во зоната во која се сместени научно-истражувачките центри во Масјаф а присутни се и експерти за развој на оружје“. Тројца цивили кои биле во автомобил и четворица неидентификувани војници биле убиени.’’ – велат од Сириската опсерваторија за човекови права .
Израелските напади се засилени од почетокот на војната на Газа во октомври минатата година. Израелски напади биле насочени кон Сирија во 64 наврати изминатаа година, што резултирало со штета на 140 цели, вклучувајки складишта за оружје,возила подржани од Иран.Во изминативе напади загинале најмалку 205 борци, од кои членови на сириските владини сли, членови на хезблах и иранската револуционерна гарда.
Марија Коцева











