Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загрижени сме за сè што може да го дестабилизира сработеното – Рубио во посета на Израел

/

пред 357 дена

Сподели преку :

Прекинот на огнот во Газа е според планот и покрај секојдневните предизвици, порача американскиот државен секретар Марко Рубио пред посетата на Израел и средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху. За време на престојот во Израел тој ќе го посети и новоформираниот оперативен центар на САД за одржување на примирјето меѓу Израел и Хамас.

Рубио додаде дека со сојузниците се разговара и за формирање на мултинационални сили за одржување на мирот во палестинската енклава. Неговата посета на Израел е по само неколку дена од посетата на потпретседателот Џ.Д. Венс.