Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Русија не се подготвува за завршување на војната туку за нова офанзива

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската армија не се подготвува да ја заврши војната, туку подготвува нови офанзивни операции.

Зеленски на платформата Х им се заблагодари на лидерите на Европската Унија за нивната досегашна поддршка на Украина.

Во соопштението тој нагласи дека е „клучно единството на ставовите да остане непоколебливо“ и ги повика партнерите да го зголемат притисокот врз Русија.

-Сите заедно разговараме за прашања поврзани со безбедноста на Украина и Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да ги запре убиствата, мора да биде одговорна“, рече украинскиот претседател.

ЕУ со порака: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина