Под засилени безбедносни мерки, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети фабриката за муниција во Пенсилванија за да им се заблагодари на работниците кои учествуваат во производство на муниција која се користи во одбрана на неговата земја од руските копнени сили.
Пратеникот Мет Картрајт од редовите на Демократи го придружуваше Зеленски во армиската фабрика за муниција Скрентон. Фабриката во Скрантон е една од ретките во земјата што произведува артилериски гранати од 155 мм, а нивното производство се зголеми во текот на изминатата година. Украина веќе доби повеќе од три милиони од нив од САД.

„Тоа е на места како ова каде што навистина може да почувствувате дека демократскиот свет може да преовладува“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“.
„Благодарност на луѓето во Америка и во сите земји партнери кои неуморно работат за да обезбедат тоа животот е заштитен“ изјави Зеленски на посетата на фабриката.
Тој ќе зборува на годишниот собир на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а потоа ќе отпатува за Вашингтон на средба со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, со цел да се зајакне поддршката за Украина.











