Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бразилски здравствени работници го обвинуваат Болсонаро за небрежност во справувањето со пандемијата

/

пред 2259 дена

Сподели преку :

Бразилски здравствени работници денеска побараа од Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за одговорот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на пандемијата на Ковид-19, за кој велат дека претставува кривично дело против човештвото.

Барањето е поднесено во судот во Хаг од страна на синдикатите што претставуваат повеќе од еден милион вработени во здравството во Бразил.

Синдикатите го обвинуваат крајно десничарскиот лидер за „небрежност во управувањето со пандемиската криза, ставајќи го во опасност животот на здравствените работници и членовите на бразилското општество“.

Според синдикатите, бразилскиот претседател го охрабрил собирот на неговите приврзаници, им пристапил без маска и рекламирал контроверзен третман за лекување, а ваквото однесување, според нив, ги зголеми ризиците од ширење на инфекцијата во земјата.

Бразил е втора најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со повеќе од 2,4 милиони случаи на заразени и со околу 87.000 починати.