Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бритиш Американ Тобако“ му платила поткуп на Мугабе

/

пред 1846 дена

Сподели преку :

Истражување на Би Би Си открило докази дека една од најголемите британски компании му платила поткуп на поранешниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе.

Документите покажуваат дека Бритиш Американ Тобако (БАТ) учествувала во преговори за плаќање меѓу 300.000 и 500.000 долари на партијата на Мугабе – Африканска национална унија на Зимбабве-Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ) во 2013 година.

Доказите, исто така, откриваат дека БАТ плаќала поткупи и во Јужна Африка и користела нелегален надзор за да им наштети на ривалите.

БАТ, пак, наведува дека е посветена на највисоките стандарди за корпоративно однесување.

Во заедничкото истражување со Бирото за истражувачко новинарство и Универзитетот во Бат, Би Би Си доби пристап до илјадници документи, кои покажуваат дека БАТ финансира мрежа од речиси 200 тајни доушници во Јужна Африка.

Поголемиот дел од работата бил доделен на јужноафриканска приватна компанија за обезбедување, Форензички безбедносни услуги (ФСС).

ФСС официјално добил задача да се бори против трговијата со цигари на црниот пазар, но поранешни официјални претставници изјавија за Би Би Си дека компанијата за обезбедување го прекршила законот со цел да ги саботираат конкурентите на БАТ.

Внатрешните документи покажуваат дека во една операција, припадниците на ФСС требало да затворат три фабрики за цигари, управувани од конкурентите на БАТ во Зимбабве.