Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Белорусија погребан демонстрантот кој загина на 10. август

/

пред 2240 дена

Сподели преку :

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин, денеска во телефонски разговор изразија верба дека сите проблеми што се појавија во Белорусија наскоро ќе бидат решени, објави Кремљ.

Илајдници Белоруси денеска присуствуваа на погребот на 34 – годишниот демонстрантот Александар Тараковски кој почина на 10 август за време на протестите против резултатите од претседателските избори.

Властите во Белорисија ослободија 2.000 од 7.000 притворени за време на протестите кои траат веќе една недела и започнаа откако Лукашенко повторно се прогласи за победник. Европа е согласна дека се потребни сакнци за одредени лица одговорни за полициското насилство, но се уште не ги прецизираше деталите. Притворениците, пред се млади луѓе, на првата средна со роднините раскажаа за тортурата која ја претрпеле во затворот, а некои родители не знаат ни каде се нивните деца.

  • Прво не фрлија на плочник. Надвор клечевме на колена од1.30 до 5.30. Однесе ни се, некои се жестоко претепани, други не толку, – Евгениј Гордејко, 24-годишен демонстранти.
  • Кога стигнавме таму (во станот) видовме дека вратата беше скршена и дека се води истрага. Лицето на Стас е скршено и крв му течеше низ лицето кога го однесоа. Целиот во крв. До сега немаме податоци каде е тој. Веројатно е во притвор во националната разузнавачка агенција – Лев Горелик, татко на притворен студент.