Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во талибанската влада нема да има жени

/

пред 1857 дена

Сподели преку :

Талибанците се подготвуваат денеска да ја објават својата влада. Претставник на движењето, Ахмадула Мутаки, напиша на социјалните мрежи дека се подготвува церемонија во претседателската палата во Кабул.

Се очекува главниот водач на талибанците, Хаибатулах Ахунџада да има неограничена моќ над новиот управен совет. Под него во хиерархијата се очекува да има претседател.

Но, во новата влада нема да има жени на министерските функции. Претставникот на радикалното движење Забихула Муџахид во интервју за весникот „Ла Република“ рече дека во Авганистан нема да има министерки, но дека тие ќе можеле „да работат во министерства, полиција или во судскиот систем како помошници“.

И поранешна заменик-министер во Авганистан, бегалец во Албанија, во Македонија уште нема стасано ниту еден од 780 предвидени бегалци

Тој, исто така потврди дека талибанците ќе формираат влада на национално единство наскоро.

Според Ал Џезира, во новата влада нема да има претставници на претходната администрација во земјата.