Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија нема да воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19

/

пред 1781 дена

Сподели преку :

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари во соседна Германија, истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во државата.

„Такво нешто нема да има во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“. Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристине Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

„Особено земјите со драматичен број на заразени со Ковид-19 треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување нови мерки“, истакна таа.