Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Демонтрации во Лондон – градоначалникот прогласи „вонредна состојба“

/

пред 1750 дена

Сподели преку :

Илјадници демонтранти излегоа денеска на улиците на Лондон со транспаренти на кои имаше пораки „Мое тело – моја слобода“, Владата е вирус“, „Без ковид пасоши“, обвинувајќи ја владата дека со воведувањето на ковид сертификатите прави поделба на општеството.

Поради се побрзото ширеше на омикрон варијантата во Велика Британија, лондонскиот градоначалник Садик Кан прогласи „вонредна состојба“.

  • Многу сме загрижени заради брзото ширење на омикрон варијантата. Во последните 24 часа имавме најголем број на нови случаи од почетокот на оваа пандемија, повеќе од 26.000. Хоспитализациите се се побројни, но и недостигот на персонал постојано се зголемува, така што сега донесов одлука, во консултации со партнерите, денеска да прогласам „вонредна состојба“ – Садик Кан, градоначалник на Лондон.

Светската здравствена организација соопшти дека омикрон варијантата е откриена во 89 земји.