Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ ги избриша Србија и Црна Гора од листата безбедни земји

/

пред 2272 дена

Сподели преку :

Европска унија ги отстрани на Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, поради големиот раст на новозаболени лица со Ковид-19. Предлогот за отсранувањето на Црна Гора и на Србија дојде од претседатвачот на унијата, Германија а бил поддржан и од неколку други држави, како Франција, Шпанија и Холандија.

Листата безбедни земји на унијата се ревидира на секои две недели и сепак е само препорака и членките не се обврзани да ги применуваат нејзините одредби.

Во Србија денеска беа регистрирани нови 344 заболени и дури 13 починати. Бројот на активни случаи во земјата се искачи на 4.574 од кои дури 170 се на респиратори а најзагрижувачки е што меѓу критичните случаи има се повеќе млади.

Златибор Лончар – Министер за здравство на Србија (04:25)

„Што се однесува до старосната структура морам да ви кажам дека и кај тие на респиратор, тие се сега помлади отколку што беа во првиот бран. Се повеќе од заболените се од тие кои ги сметаме за млади, мислам на возраст од 20, 30 и 40 години.“

По исклучувањето на Србија и на Црна Гора, на листата остануваат 13 земји Алжир, Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И покрај тоа што се наоѓа на листата безбедни земји, патувања од Кина ќе бидат дозволени само ако кинеските власти дозволуваат и посетители од ЕУ. Условот за реципроцитет не се применува во случај на другите наведени земји.

Игор Трајков