Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ наскоро потпишува договор со Новавакс за испорака на вакцина против Ковид-19

/

пред 2066 дена

Сподели преку :

Европската унија би можела да потпише договор за снабдување вакцини против Ковид-19 со Новавакс оваа или следната недела, изјавија двајца официјални претставници на ЕУ, кои биле вклучени во разговорите со американската компанија.

ЕУ во декември 2020 година ги заврши прелиминарните преговори со Новавакс за испорака на 100 милиони дози и разговараше за дополнителни 100 милиони вакцини.

– Разговорите со Новавакс се интензивирани и наша цел е да склучиме договор оваа или следната недела, истакна еден од претставниците.

Вториот претставник на ЕУ, кој присуствувал на преговорите, го потврди временскиот рок на договорот, додавајќи дека разговорите со адвокатите на компанијата се уште се во тек, одбивајќи да каже уште кои прашања треба да се договорат.

Вакцината на Новавакс е во фаза на тестирање, но прелиминарните податоци покажуваат дека е ефикасна 89,3 проценти во спречување на Ковид-19 при испитувањето извршено во Британија, но е речиси подеднакво ефикасна во заштита од позаразниот вид на коронавирус, кој е првпат откриен во таа земја.

Евентуалниот договор со Новавакс ќе биде седмиот кој ЕУ ќе го склучи со производители на вакцини против Ковид-19

ЕУ веќе има постигнато договори со АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, Фајзер/БиоНТек, КјурВак, Модерна и Санофи-ГСК за вкупно околу 2,3 милијарди дози.