Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За само два дена од школската година на Флорида речиси 500 ученици заразени со Ковид-19

/

пред 1880 дена

Сподели преку :

Речиси 500 ученици во округот Палм Бич, Флорида, се во карантин поради Ковид-19, само два дена по почетокот на учебната година.

Информацијата за новозаболени меѓу ученици е во момент кога гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, ја даде својата извршна наредба со која се забранува училишните области во таа американска држава да бараат употреба на маски поради критики и тужби.

Додека државните училишта во округот Палм Бич сега ги направија маските задолжителни за сите ученици и вработени, 6.394 од околу 167.000 ученици во областа се откажаа од носење.

Флорида досега има пријавено над 2,7 милиони случаи на ковид-19 и во моментов има просечна седумдневна стапка на позитивност помеѓу 20 и 25 проценти, според Центрите за контрола и превенција на болести. Американското здужение на педијатри соопшти дека речиси 94.000 деца се заразени досега со Ковид-19.