Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забава за испраќање на короната во Прага

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Светската здравствена организација неделава предупреди дека пандемиајта на Ковид-19 не е ни блиску до крајот, но тоа не ги спречи Чесите да организираат голема забава во Прага за да го „испратат“ коронавирусот.

Илјадници гости седеа на 500 метри долгата маса поставена на Карловиот мост споделувајќи храна и пијалоци кои го донеле од дома. Споделувањето беше охрабрувано од организаторите а не се почитуваше ниту одржувањето социјална дистанца.

Сакаме да го прославиме крајот на корона кризата со тоа што ќе им овозможиме на луѓето да се сретнат и да покажат дека не се плашат од тоа, дека не се плашат да изедат сендвич подготвен од соседот, изјави Ондреј Кобза еден од организаторите на прославата.

Чешка беше меѓу првите земји кои воведоа рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на вирусот со што успеа да спречи поголема криза како во Италија и Шпанија.

Минатата недела владата дозволи одржување собири до 1.000 учесници а отворени беа пливачките базени, музеите, зоолошките и замоците без ограничување на бројот на посетители. Рестораните, баровите и пабовите се отворени и служат храна и пијалоци повеќе од еден месец.