Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон тврди дека наредните денови се клучни за Украина – Бајден се закани со блокирање на гасоводот Северен Поток 2

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека шефот на руската држава, Владимир Путин, го уверувал дека руските сили нема да ја влошуваат кризата во близина на границата со Украина.

Обезбедив уверување дека нема да има влошување или ескалација, изјави Макрон, пред средбата во Киев со украинскиот лидер, Володимир Зеленски.

Руската страна досега само потврди дека никаков договор на решавање на ситуацијата околу Украина не бил постигнат.
Претходно по синоќешните разговори во Москва со Путин, францускиот лидер порача дека наредните денови ќе бидат клучни за обидите за де-ескалирање на тензиите околу Украина.

Паралелно со посетата на Макрон, во дипломатска мисија во Вашингтон престојува и германскиот канцелар, Олаф Шолц. Американскиот претседател, Џо Бајден, по разговорите со Шолц се закани и дека неговата држава е подготвена да го блокира и гасоводот Северен Поток 2, чија изградба траеше 5 години и чинеше 11 милијарди долари. Целта на овој гасовод, кој се гради под Балтичкото море, е да го удвои извозот на Рускиот природен гас во Германија.

Ако Русија изврши инвазија, тоа значи тенкови и трупи повторно да ја преминат границата на Украина, во тој случај повеќе нема да има Северен Поток 2. Ние ќе му ставиме крај на тоа.

Шолц, во својата прва посета на Вашингтон откако стана германски Канцелар, не беше толку прецизен за судбината на гасоводот, избирајќи наместо тоа да испрати порака дека Германија е целосно обединета со САД во поглед на надворешната и безбедносната политика во однос на Русија, по критиките во американските медиуми дека Германија досега не испратила воена помош во Украина.

Никола Илиевски