Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маските задолжителни во Франција – казни од 135 евра за несовесните

/

пред 2266 дена

Сподели преку :

Носењето маски во Франција од денеска е задолжително во сите затворени простории, по најновиот пораст на епидемијата коронавирус.

Маските веќе се задолжителни во јавниот транспорт, но од денеска мора да бидат носени и во затворените простории, како продавници и маркетите.

Министерот за здравство Оливер Веран предупреди дека во Франција има меѓу “400-500 активни кластери” на вирусот.

Претседателот на државата, Емануел Макрон, прогласи прва победа над вирусот во Јуни и ја прекина вонредната состојба во државата, но локалните жаришта не исчезнаа.

Во државата има растечки број случаи во северо-западните и источните региони, особено во регионот Мајен.

Франција беше меѓу најтешко погодените европски држави од глобалната пандемија, со повеќе од 200 000 потврдени инфекции и над 30 000 смртни случаи по почетокот на пандемијата.

Лицата кои ќе бидат фатени без маска ќе платат казна од 135 евра.