Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Напад во Кабул, цел бил првиот потпретседател на Авганистан

/

пред 2215 дена

Сподели преку :

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија на бомба покрај пат, чија цел била првиот потпретседател на Авганистан Амрулах Салех, кој успеал да избега неповреден, соопшти неговиот портпарол.

Портпаролот на кабинетот на Салах, Разван Мурад изјави дека цел на денешниот напад бил конвојот на првиот авганистански потпретседател и истакна дека неколкумина негови телохранители биле повредени.

Досега никој не презел одговорност за нападот, кој се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха.

Салех, кој е поранешен шеф на разузнавањето, преживеа неколку обиди за атентат, вклучително и минатата година кога 20 лица беа убиени во напад врз неговиот кабинет.