Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Правниот тим на Трамп оди во Пенсилванија за да ги оспори изборните резултати

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, соопшти дека со правниот тим на претседателот заминал за Пенсилванија за да ги оспори изборните резултати во оваа сојузна држава, што се смета за важна за исходот на изборите во САД

Џулијани на Твитер напиша дека во Филаделфија има „масовни измами“, тврдејќи дека демократите се обидуваат да ги „украдат“ претседателските избори и дека републиканците нема да го дозволат тоа, пренесува „Индипендент“.

Според него, врз основа на 75 отсто од преброените гласови во оваа држава, Трамп има предност од 550.000 гласови.

Кампањата на Доналд Трамп претходно најави правни постапки пред Врховниот суд поради нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Ова ја отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во оваа држава, која носи 20 електорски гласови.

Џо Бајден ги обезбеди победите во Мичиген и Висконсин и ја намали предноста на Доналд Трамп во Пенсилванија, додека кампањата на актуелниот претседател по судски пат се обидува да го прекине броењето гласови во неколку сојузни држави.

Бајден сега е на 264 електорски гласови, а Трамп на 214, додека за победа им се потребни 270. Агенцијата АП јавува дека на Бајден му е потребна победа во само уште една сојузна држава за да стане претседател, но трката и натаму е неизвесна, бидејќи останува да се пребројат милиони гласови.