Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Мод мотото „Албанја протестира-против пактот Рама-Вучиќ за Балканскиот процес“ пред владата во Тирана вечерва се одржа протест во организација на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша, кој се обидува повторно да го преземе водството на опозициската Демократска партија.

Протестот го организираме во одбрана на виталните интереси на албанскиот народ и албанското општество. Ова е протест против трилатералниот пакт Белград-Тирана-Скопје, против тројката Вучиќ-Рама-Заев. Не сме против регионална соработка, туку се залагаме за искрена и плодна соработка во рамки на евоатлантската интеграција, рече Бериша пред насобраните демонстранти.

Додаде дека протестот е против проектот кој „оди на грбот на балканските народи“, кого го отфрлија Босна Херцеговина, Косово и Црна Гора а Хрватска го смета како закана.

Отворен Балкан нема друга цел, освен воспоставање српски хегемонизам во регионот што е во спротивност со нашите национални интереси. Проектот Отворен Балкан, идеја на Вучиќ и неговите двајца вазали, со сите донесени договори ќе биде поништен штом ПД ќе дојде на власт, рече Бериша, додавајќи дека кум на сето тоа е милијардерот Џорџ Сорос и ја повика владата и конгресот на САД да ги спречат политиките на Сорос на Балканот.

На протестот се слушнаа и пораки до Албанците во Албанија, Косово, Македонија и од Чамарија во Грција, да не дозволат создавање Голема Србија.

Демонстрантите се собраа пред седиштето на Демократската партија, маршираа преку булеварот „Народни херои“ и застанаа пред Влада.