Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија руши рекорди со новозаболени и починати од Ковид-19

/

пред 1816 дена

Сподели преку :

Бројот на новозаболени и починати од Ковид-19 изминативе денови постојано поставува рекоди, зголемувајќи го притисокот врз здравственито систем во земјата. Владината комисија за Ковид-19 соопшти дека денеска се регистрирани нови 33.208 случаи на вирусот, а починале 1.002 лица. Т

ешко оди и вакцинацијата. Според податоците на федералната влада до сега се вакцинирани само 29 проценти од популацијата, или 43 милиони од вкупно 146 милиони жители на Русија.

За зголемување на стапката на вакцинација не помогнаа ни многуте поттикнувачки мерки кои властите ги воведоа, како лотарии и бонуси.

И покрај рекордните бројки федералната влада одбива воведување рестриктивни мерки на национално ниво, како на почетокот на пандемијата, кои имаа катастрофално влијание на економијата.