Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седуммина упасени за нападот со мачета кај поранешното седиште на „Шарли Ебдо“ во Париз

/

пред 2199 дена

Сподели преку :

Вчерашниот напад во Париз, во близина на поранешното седиште на сатиричното списание „Шарли Ебдо“,  во кој потешко се повредени две лица, париската полиција го третира како терористички акт.

Полицијата соопшти дека вкупно седум лица се уапсени за врска со нападот.

Премиерот Жан Кастекс претходно изјави дека четири лица биле прободени, но полициски извор подоцна изјави дека станува збор за две лица, од кои едното е тешко повредено.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено пред операта Бастиља. Радио Европа 1, повикувајќи се на полициски извори, соопшти дека е уапсен 18-годишен Пакистанец, претходно познат на безбедносните служби. Еден полициски извор рекол дека на местото на настанот била пронајдена мачета, а друг изјавил дека станува збор за сатар.

Инцидентот го истражува Одделот за борба против тероризмот на обвинителството.