Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО: Бројот на позитивни на Ковид-19 во последните 4 недели зголемен за 80%

/

пред 1894 дена

Сподели преку :

Светската здравствена организација предупреди на брзото ширење на делта варијантата од корона вирусот, посочувајќи дека тоа треба да служи како повик за акција и за забрзување на вакцинацијата ширум светот, пред да се појават и нови, поопасни варијанти.

СЗО вчера објави дека бројот на позитивни случаи во минатите 4 недели, се зголемил за 80 проценти.

На прес конфернцијата во Женева се слушнаа и критики за однесувањето на најбогатите земји во светот, кои и покрај ветувањето дека ќе донираат вакцини на посиромашниот дел од светот, се уште не преземаат доволно чекори да ја исполнат својата обврска.

Особено е тешка ситуацијата во Африка, каде не е вакцинирано ниту 10% од населението.