Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО ги повика богатите земји да не порачуваат дополнителни вакцини

/

пред 1913 дена

Сподели преку :

Богатите земји не треба да нарачуваат дополнителни дози на вакцини за нивната вакцинирана популација, додека другите земји сè уште немаат примено вакцини против Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека бројот на жртвите во пандемијата на коронавирусот повторно се зголемува, варијантата Делта станува доминантна и многу земји сè уште немаат добиено доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници.

Варијантата Делта се шири низ светот со застрашувачка брзина, што доведува до нов пораст на инфекции со Ковид-19 и смртни случаи, рече Тедрос, истакнувајќи дека е многу заразна варијанта, најнапред откриена во Индија, а сега во повеќе од 104 земји.

Тој смета дека глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е крајно „нерамномерен и неправеден“.

Некои земји и региони всушност нарачуваат милиони дополнителни дози пред другите земји да обезбедат за да ги вакцинираат своите здравствени работници и најранливите, предупреди Тедрос.

Тој ги издвои производителите на вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ како компании кои имаат за цел да обезбедат дополнителни вакцини на земјите кои веќе имаат висока стапка на вакцинација.

Наместо тоа, тие треба да ги пренасочат своите дози кон Ковакс програмата за дистрибуција на

„Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ минатата недела најавија дека ќе побараат одобрување од европските и американските регулатори за вакцинација за трета доза што ќе го зајакне имунитетот шест месеци по вакцинацијата.