Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средба Радев-Макрон за европската перспектива на Македонија

/

пред 1766 дена

Сподели преку :

По средбата со Штајнмаер, претседателот на Бугарија денеска во Стразбур имал средба и со францускиот претседател Макрон за европската перспектива на Македонија, што официјална Софија ја блокира.

Бугарските медиуми јавуваат дека Радев, во разговорот со Макрон, слично како претходно на средбата со Штајнмаер, рекол дека Бугарија очекува конкретни и неповратни резултати во билатералниот дијалог со Република Северна Македонија, кои ќе ги гарантираат европските вредности во однос на почитувањето на човековите права и прекинот на говорот на омраза, како и заштитата на бугарското културно-историско наследство во земјата.