Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српски туристи цела ноќ чекале за влез во Грција

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко- бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин Прома – Хонас (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија.

Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија, во поголемиот број семејства биле заглавени во неутралната зона на бугарско – грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред шест часот.

По реакциите од туристите, од грчка страна, како што објави телевизијата „Оpen“, околу 8 часот утрово, бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.

Дел од српските туристи, за грчките медиуми велат дека тргнале од Белград, одморот им бил планиран од претходно, а цела ноќ чекале за влез.

Алтернативната портпаролка на грчката влада, Аристотелиа Пелони, вчера попладне соопшти дека од 6 часот утрово, до 15 јули 2020 година, во Грција ќе биде забранет влез за српски државјани, а официјална Атина во соработка со експертите ја следи епидемиолошката ситуација во ЕУ и останатите земји во светот.