Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарските гласачи ги поддржуваат владините мерки за борба против корона вирусот

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Според прелиминарните резултати, швајцарските гласачи ги поддржуваат владините мерки за борба против корона вирусот.

Повеќе од 60% од населението се против укинувањето на некои ограничувања, вклучително и на ковид пропусницата.

Референдумот се случува по бројните несогласувања на граѓаните кои сметаат дека неоходната ковид пропусница за влез на јавни места ја ограничува слободата на движење.

Со нешто помлаку од две третини целосно вакцинирано население, Швајцарија е меѓу земјите со  најниска стапка на вакцинација во западна Европа.

Во моментов бројот на нови инфекции вртоглаво расте и се зголемува за 40-50% секоја недела.

Денешниот успешен референдум значи дека швајцарската влада може да ги засили анти-ковид мерките.