Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светска банка: Драматично поскапување на енергенсите во 2026 година

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Светската банка прогнозира дека цените на енергијата во 2026 година ќе пораснат за околу 24 проценти, што би било највисок раст од периодот по руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Причина за ова се геополитичките тензии и нарушувањата на глобалните пазари на стоки.Во својот извештај за пазарите на стоки, банката очекува вкупните цени на суровините да се зголемат за 16 проценти, поттикнати од поскапувањето на енергијата, ѓубривата и неколку клучни метали.

Се предвидува и просечна цена на нафтата Брент од околу 86 долари за барел во 2026 година, во споредба со 69 долари во 2025 година..Како главни фактори за ваквите движења се наведуваат нападите врз енергетската инфраструктура и нарушувањата во транспортот преку Ормутскиот теснец, кој е клучен за глобалната трговија со нафта.. Според извештајот, овие шокови значително го намалиле глобалното снабдување со нафта..