Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светските лидери и партнери на САД најавија борба против царините

/

пред 564 дена

Сподели преку :

Канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе се бори против царините на Трамп со силни контра мерки. Тој се состана со неговиот кабинет за односи со САД за да одлучи за следните чекори.

Карни обвини дека новите тарифи на американската администрација ја загрозуваат глобалната економија, но нагласи дека канадските работници ќе бидат заштитени и дека Канада ќе ја изгради најсилната економија во групата седум најразвиени држави.

Канада беше изоставена од долгиот список што Трамп го објави доцна синоќа, а кој ги покажува нивоата на царини со кои повеќето други земји ќе се соочат веќе од денеска.