Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светските синдикални организации со порака: „Владата мора да запре со притисоците врз ССМ“

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Социјалниот дијалог во Македонија е на многу ниско ниво, а Владата мора да запре со нападите врз ССМ и раководството, е пораката која што ја испратија од Меѓународната Конфедерација на Синдикати чиј генерален секретар денес допатува во Македонија.

Демократијата е одлика на модерна држава во која работниците може да се организираат во Синдикати, а Синдикатите да преговараат за подобри услови за работа и поголеми плати без да стравуваат за својата безбедност, порача синдикалниот генсек Лук Триангл. Тој нагласи дека Владата не смее да се меша во преговорите на синдикатите со приватниот сектор и мора да ги почитува Колективните договори.

Тој додаде дека според Глобалниот индекс на работнички права кој се мери преку 97 параметри и опфаќа 151 држава во светот Македонија назадува неколку години по ред и од оценка 2 падна на оценка 4.

Триангл ги осуди нападите од Владата и владејачката ВМРО – ДПМНЕ врз ССМ како и снимките од лидерот Трендафилов со неговите деца кои ги оцени како скандал кој не е прифатливо во ниту една држава во Европа. Од ССМ пак соопштија дека за текот на социјалниот дијалог, преговорите за минималец и судирот со Владата и владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ ги известила сите меѓународни партнери.

Претставниците на меѓународните синдикални организации попладнево се сретнаа и разговараа со раководството на КСС а утре ќе имаат средба со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Oгнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.