Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО тврди дека изгубиле секаков контакт со болницата Ал Шифа во која влезе израелската армија

/

пред 1054 дена

Сподели преку :

Откако израелската армија утрово објави дека влегла во комплексот „Ал Шифа“, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат, од Светската здравствена организација (СЗО) тврдат дека изгубиле секаков контакт со болничкиот персонал, пренесува „Гардијан“.

Канцеларијата за медиуми на Хамас утрово излезе со соопштение во кое нападот на израелските сили врз болницата „Ал Шифа“ во Газа го нарече воено злосторство, морално злосторство и злосторство против човештвото, пренесува Би-би-си.

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека се многу загрижени поради извештаите за воен упад во болничкиот комплекс „Ал Шифа“.

„Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите“,

рече Гебрејесус.