Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Тајмс“: Велика Британија викендов ќе ја признае палестинската држава

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на доверливи информации, објави дека Велика Британија планира престојниот викенд и официјално да ја признае палестинската држава, веднаш по завршувањето на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука доаѓа и покрај ставот на САД, кои се спротивставуваат на вакви потези од страна на европските сојузници.

Премиерот Стармер уште во јули предупреди дека ќе преземе конкретни чекори ако Израел не покаже подготвеност за ублажување на хуманитарната криза во Појасот Газа и не постигне напредок за прекин на огнот. Стармер најави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина пред почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации следната недела, доколку не биде направен реален напредок од страна на Израел.